Кошаркарите на Бостон се пласираа во второто коло од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата, откако на гостински терен славеа против Атланта со 128:120 и со тоа ја добија серијата со 4:2. Бостон ќе игра во полуфиналето на конференцијата против Филаделфија, која на стартот од плеј-офот го елиминираше Бруклин со 4:0.
Селтикси го добија шестиот меч со извонредна последната четвртина, која ја одбележа серијата од 11:0 за предност од 121:113 на нешто повеќе од две минути до крајот. Џејлен Браун ги предводеше Селтикси на овој меч со 32 поени, Тејтум забележа 30 поени и 14 скока, Маркус Смарт додаде 22, додека Ал Хорфорд мечот го заврши со десет поени и 12 скока.
Тре Јанг беше најефикасен кај Атланта со 30 поени и десет асистенции, но во последните две четвртини промаши 12 од 13 шута. Деандре Хантер постигна 20 поени, Џон Колинс 16, додека Богдановиќ за 20 минути на теренот постигна 12 поени.
Првиот натпревар од полуфиналната серија на Истокот меѓу Бостон и Филаделфија е закажан за ноќта меѓу понеделник и вторник.