Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери најави враќање во шпанската Ла Лига. Тој посочи во кој клуб(ови) се гледа себе си во иднина.
„Сите бараме нови предизвици. Имав среќа да работам во три врвни тимови во Шпанија: Валенсија, Севиља и Виљареал. Следниот чекор во Шпанија би бил Атлетико Мадрид или Барселона“, сподели Емери.
По неговото доаѓање, Астон Вила од 17. место се искачи на шестата позиција во Премиер лигата.
„Премиер лигата ми дава шанса да продолжам да се развивам. Секако, така беше и во Севиља, Валенсија и Виљареал, но сакам нови предизвици. Да не заборавиме дека Премиер лигата буди најголем интерес и ги собира најдобрите играчи и тренери во светот“, додаде шпанскиот стратег.