Кадетите подобри од Хрватска на втората контрола!

164

Македонската кадетска репрезентација ѝ се реваншираше на Хрватска за поразот на првата средба, денеска славеше со 31-27.

Кадетите имаа водство од 5-2 во 11 минута, но противникот се врати во игра поведе со 6-5, па до крајот на првото полувреме беше изедначено, .
израмнија домашните на 5-5, поведоа со 6-5, но следеа по еден погодок со тоа што Македонија на одморот замина со водство од 12-13.

Кадетите со серија од 6-1 поведоа со 21-16 во 39 минута. Домашниот тим намали на 19-22 во 44 минута од средбата, по што следеше нов налет на „црвено-жолтите“ за 24-19 во 48 минута. До крајот на натпрварот македонските кадети ја одржуваа разликата

ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА  27-31 (12-13)
Сала: ДГ Спорт Прелог, во Прелог Хрватска. Судии: Матија Цингесар и Матеј Павловиќ од Хрватска.
МАКЕДОНИЈА: Брестовац, Галевски, Субашевски 3, Михајловиќ, Николовски, Глигоров, Карасманакис 3, Димковски 3, Петковски 4, Д. Узунчев 2, Т. Узунчев 4, Шулевски 1, Димевски, Митев 4, Калајџиоски 5, Стојановски 2
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 12 мин..

ПретходноТиквеш ја најде замената за Брестовац!
СледноУдинезе поразен од Лече, Несторовски одигра цел меч