Катар ќе биде домаќин на СП во кошарка во 2027 година

95

Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во кошарка во 2027 година. При донесувањето на одлуката, Централниот одбор на ФИБА бил импресиониран од понудата, а особено од елементите околу компактната географска природа, уникатната флексибилност со распоредот на местото на турнирот за подобро да им служи на навивачите.

Сите натпревари ќе се играат во Доха, по примерот и на светското првенство во фудбал кое се одржа оваа зима. Интересно, сите шест сали во кои ќе се играат натпреварите се веќе изградени.

ПретходноНавивачите утрово им приредија незаборавен пречек на кошаркарите на Партизан (ВИДЕО)
СледноПрвиот човек на Ла Лига тврди: Барса тешко дека ќе најде пари за да го врати Меси