Вечерва во меч од 30.коло во Бундеслигата, во Рурското дерби, лидерот на табелата, тимот на Борусија Дортмунд како гостин одигра само 1:1 против Бохум. Со ова реми, “милионерите“ загубија два златни бода во битката за титулата со Баерн Минхен.
Бохум многу рано, уште во 5.минута со голот на Лосила поведе со 1:0. Сепак Дортмунд, само две минути подоцна преку Адејеми изранмни на 1:1.
Треба да се каже дека не беше досуден чист пенал за гостите во 64.минута по стартот на Суарез врз Адејеми.Исто имаше случај за пенал и во 90.минута, но и тука немаше пенал за Дортмунд.
Во 90.минута Хумелс постигна гол, но поради чист офсајд истиот беше поништен.
Сепак “милионерите“ самите си се виновни, успеаја да промашат барем 5-6 зицери на оваа средба. Па така на крајот мораа да се задоволат со бод, со што загубија големи и златни два бода.
Сега Дортмунд има 61 бод, а Баерн Минхен 59, но “баварците“ викендов ќе го одиграа својот меч од ова коло со Херта на свој терен.