Конечно насмевка на лицето на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

1520

Кристијано Роналдо вечерва ја прекина серијата од три натпревари без постигнат гол. Погоди по четири минути игра, тој го искористи одличното додавање на соиграчите и од неколку метри надвор го чекираше противничкиот голман за предност на неговиот тим од 1:0 против Ал Раед.

Прославата е јасен доказ колку овој гол му е важен на Роналдо. Во последно време е под голем притисок и конечно се гледа радоста на неговото лице.

За португалската легенда ова е 12. гол во 15. меч во дресот на тимот од Саудиска Арабија.

ПретходноСкандал: Полициска рација во Баерн Минхен, се бараат докази за “перење“ пари!
СледноУрнебесно: Голманот на Ал Наср бараше од публиката малку тишина за да го намести живиот ѕид! (ВИДЕО)