Денешниот број на тиражната Марка пренесува дека тимот на Реал Мадрид, со сигурност ќе биде без Лука Модриќ во следните десетина, а можеби и повеќе денови.
Хрватот се повреди на мечот против Гирона, и ќе мора да паузира на следните мечеви. Дефинитивно нема да биде достапен за мечевите против Алемриа односно Реал Сосиедад во домашната Примера, како и за финалето од купот на 6 мај против Осасуна.
Во клубот ќе направар напори, тој да може да заигра на 9 мај против Манчестер Сити.