Голем удар за Партизан и за Реал Мадрид пред третиот меѓусебен меч во Евролигата. Дисциплинската комисија ги одреди казните за тепачката меѓу кошаркарите на крајот на вториот меч во Мадрид.
Па Партизан нема да може да смета на Кевин Пантер на два натпревари додека Матијас Лесор на еден меч. Од друга страна казнети се Гершон Јабуселе, поради дивјачкото однесување кон Данте Егзум, а доби пет натпревари надвор од терените. Реал на третиот меч со Партизан нема да смета и на Габриел Дек кој доби суспензија од еден меч.
Двата клуба ќе платат и парична казна од по 50.000 евра.
Егзум кој беше соборен од Јебуселе со боречки зафат за вратот денеска се појави со патерици и под прашалник е за следниот меч.
Huge fight in Real against Partizan match last night 😱#EuroLeague #Partizan #RealMadrid #EuroLeague #ebn #Playoffs pic.twitter.com/KJzAtuzRWu
— EBN EuroLeague Basketball News (@EuroleagueNews) April 28, 2023