И претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, смета дека на Барселона ќе и биде многу тешко да го врати Лионел Меси во тимот.
„Денес сè е тешко. Има уште време, но Барселона ќе мора да се раздели со многу играчи за да се намали фондот за плати. Ова е неопходно за трансферот на Меси да почне да се планира. Секако, платата на Меси не може да биде иста како порано. Мора да се намали. Барса не е како ПСЖ“, вели Тебас.
Според првиот човек на ЛА Лига, Барса мора да го скрати платниот список за да може да ангажира нови играчи.