Кристијано Роналдо прејде во Ал Наср од Саудиска Арабија. Арапите му обезбедија огромна плата, од маркетиншка гледна точка тоа е добро за локалниот фудбал, но од фудбалска не толку успешна. Екипата не успеа да го освои Суперкупот на С.Арабија, испадна во полуфиналето на Купот, а по доаѓањето на Роналдо падна на второто место на табелата во првенството. Ал Наср доцни шест бода во однос на лидерот Ал Итихад.
Првиот човек на Ал Наср, Ал Муамар со шокантна изјава за „Арабија Њуз 50“.
„Само два пати во животот ме измамиле. Првиот пат беше кога посакав три ќебапи, а ми дадоа само два, а вториот пат беше при потписот со Кристијано Роналдо“.
Ал Муамар чувствува дека е измамен во врска со нивото кое го прикажува Роналдо до сега. Тој имал поинаква перцепција за португалскиот фудбалски ас, а добил сосема „друг“ фудбалер.