Ребров нема да ја предводи Украина, останува во Ал Аин

102

Сергеј Ребров нема да ја предводи Украина во дуелите со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 туку ќе си остане на клупските обврски, пренесува новинарот Мохамед Хамад.
Тој тврди дека 48-годишниот украински тренер се договорил со Ал Аин за продолжување на договорот за уште неколку сезони. Актуелниот договор на Ребров со Ал Аин истекува летото 2023 година.
Претходно украинските медиуми пишуваа дека Ребров сигурно ќе биде нивни селектор, му понудиле договор на 10 години и останале само финансиските детали околу договорот со ФФ на Украина.
Ќе видиме што ќе излезе од целата оваа ситуација.
Инаку Украина на 16 јуни ќе игра против Македонија во квалификациите.

ПретходноЈунајтед водеше со два разлика, па му дозволи на Тотенхем да се врати (видео)
СледноБостон во шестиот меч ја „скрши“ Атланта и обезбеди полуфинале на Истокот