Рохо остро кон Мегваер и Солскјер: Го става во игра само затоа што е скапо платен

301

Трансферот на Хари Мегваер од Лестер во Манчестер Јунајтед во 2019 година и понатаму е најскапиот кога се работи за одбранбени фудбалери. Платени се дури 87 милиони евра за играч кој е наклонет на киксови, па често е на удар на критичарите и навивачите кои се потсмеваат поради неговите настапи.

Меѓу критичарите е и поранешниот соиграч Маркос Рохо. Капитенот на Бока Јуниорс зборуваше за аргентински „Tyc sport“ за периодот од 2019/20 кога го изгуби стандардното место токму поради Мегваер. Па Аргентинецот зборуваше дека тогашниот тренер Оле Гунар Солскјер му давал предност на Англичанецот само поради тоа што е скапо платен, не земајќи ги во предвид квалитетите на играчот.

Играв добро во Англија. Играв во Лига Европа, меѓутоа му бев лут на тренерот затоа што во првенството предност му даваше на Мегваер. Добро е што конечно го тргнаа и сега на таа позиција игра Лисандро Мартинез“, изјави Рохо кој во 2014 година дојде во Јунајтед на повик на Луис ван Гал.

Еден ден му отидов на Солскјер и му реков да ме пушти во друг клуб или да ме врати во стартниот тим. Му реков дека греши со тоа што не играм, меѓутоа ми одговори дека Мегваер мора да игра затоа што е скапо платен. Уште тогаш правеше непромислени потези, премногу грешки во играта и му реков на Солскјер: „Човеку, пушти ме да играм, ова момче од меч во меч прави големи грешки“, додаде Рохо.

Шест месеци подоцна Солскјер го пушти Рохо на позајмица во Естудијантес, а во февруари 2021 година како слободен играч се пресели во Бока Јуниорс.

ПретходноЗвезда одбила 9.000.000 евра за свој играч!
СледноТиквеш ја најде замената за Брестовац!