Скандал: Полициска рација во Баерн Минхен, се бараат докази за “перење“ пари!

819

Вечерва “бомба“ од Германија, поточно од Минхен. Имено во просториите на гигантот влегла имало полициска рација, односно инспектори ја “претресувале“ Алијанц Арена, како и сите клупски простори на Баерн Минхен.

Се уште нема ништо официјално, но се шпекулира дека се барале докази за наводно “перење“ на пари и врската меѓу некогашниот прв човек на “баварците“ Ули Хенес и рускиот олигарх Алишер Усманов.

Се разбира дека ова е уште еден удар за Баерн, во случај ако навистина има докази дека Хенес е вмешан во незаконити работи тогаш тоа ќе биде скандал од невидени размери, барем кога станува збор за германски клуб.

Инаку Хенес пред извесно време веќе беше во затвор поради затајување на данок.

ПретходноЕмил Рајковиќ се реваншираше со камата!
СледноКонечно насмевка на лицето на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)