Реал Сосидед ја поврди својата класa, ја потврди својата одлична форма и вечерва во рамките на 32.коло, успеа да ја совлада Осасуна со 0:2 на нејзин терен и со тоа уште повеќе си ги отвори вратите кон пласман во Лигата на Шампионите.
Гостите од Сан Себастијан, поведе со автоголот на домашниот фудбалер Херера уште во 6.минута. Се разбира дека тоа беше шок за играчите на Осасуна, кои навистина вечерва се бореа како лавови, но тоа не беше доволно да се дојде барем до бод, иако имаа повеќе шанси.
Точка на победата на Сосиедад беше ставена во 90.минута со голот на Кубо. Со оваа победа гостите останаа четврти со 58 бодови, осум повеќе од петтиот Вилјареал.