Тренерот на Евертон убеден дека тимот нема да испадне од Премиер лигата

140

Тренерот на Евертон, Шон Дајч, по поразот од Њукасл со 1:4, кажа дека „карамелите“ нема да испаднат од Премиер лигата на крајот од сезоната. Тој е убеден дека во наредните натпревари ќе бидат посигурни и ќе почнат да освојуваат бодови со кои ќе се искачат нагоре.
Дали можеме да избегнеме испаѓање? Секако. Понекогаш нашата игра е слична на онаа кога го победивме Арсенал (на 4 февруари).

Треба да ја докажеме супериорноста. Против Њукасл одигравме добро во првото полувреме. Головите ја менуваат играта, не само резултатот, туку и чувството на играта.
На крајот, многу сум разочаран. Во првото полувреме направивме се што мислев дека е потребно да им го пренесам на фудбалерите – игравме против добар тим. Направивме се освен головите.

Мора да ги поправиме грешките што ги направивме во последните неколку недели. Сите можеме да зборуваме, но мораме и да делуваме. Дали ќе останеме во Премиер лигата? Можеме да го направиме тоа, сигурен сум“, заклучи Дајч.

ПретходноГарначо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
СледноОФИЦИЈАЛНО: Казнети Јабуселе, Пантер, Лесор, Дек…