Јунајтед тргнува по Вандерсон од Монако

132

Тимот на Манчестер Јунајтед секако дека летово ќе прави сериозен ремонт во играчкиот кадар и поради тоа, нормално на Олд Трафорд уште од сега ревносно се работи на оваа тема.

Пред се тука се работи за засилување на дефанзивата, еден од клучните проблеми на тимот со години, а решението е можеби пронајдено во Монако.

Јунајтед е сериозно заинтересиран да го доведе во своите редови, бразилецот Вандерсон, кој со успех настапува во кнежевството. Тој пристигна од Гремио минатата сезона и веднаш остави одличен впечаток.

Минатата сезона Вандерсон беше стартер во тимот на Монако и успеа да забележи вкупно 34 натпревари. Договорот на 21-годишниот фудбалер со францускиот клуб истекува во 2027 година.

 

 

ПретходноИнтер ја одби понудата на Челзи за размена на голманите
СледноБарселона ќе добие лиценца и ќе игра во Лигата на Шампионите следната сезона