Српскиот шампион Црвена Звезда добила одлична понуда од Краснодар за младиот Страхиња Ераковиќ, но како што пренесува „Телеграф“, понудата била одбиена. Се споменува сума од 9.000.000 евра плус процент од наредната продажба на играчот. „Црвено-белите“ сметаат дека за Ераковиќ можат да земат многу повеќе, па ќе почекаат побогата понуда.
Ераковиќ е еден од играчите кои ја одбележаа оваа сезона во Србија, а на лето сигурно ќе има многу понуди. Младиот стопер одигра 39 натпревари за Звезда, а има и четири натпревари за репрезентацијата на Србија. Има договор со Звезда до 2026 година.
Српските медиуми претходно пишуваа за интерес за овој фудбалер од клубови од Саудиска Арабија, Азија и Америка.