Интер ја одби понудата на Челзи за размена на голманите. „Нероаѕурите“ им потврдиле на нивните колеги од Англија дека не се заинтересирани за Кепа во потенцијален договор за размена со нивниот голман Андре Онана.
„Газета дело Спорт“ пишува дека двата клуба одржале состанок во средата за потенцијалниот договор. Челзи го понудиле Кепа плус готовина како договор за купување на Онана. Одговорот на Интер бил негативен.
Миланскиот тим им соопштил на лондончани дека цената на Онана е 40 милиони евра и сакаат да остварат капитална добивка од зделката.