Нашата натпреварувачка во таеквондо Мила Рељиќ со само 19 години е единаесетта на светската ранг листа и сериозен кандидат за обезбедување на олимписка норма денеска беше примена во Агенцијата за Млади и Спорт од страна на директорот Наумче Мојсовски.
Златните медали од Г1 турнирот во Скопје, Светското клупско првенство во Талин, Естонија, деветото место од Светското во Мексико, бронзите од Загреб и Црна Гора, како и претстојните настапи на Светското првенство во Баку и Европските Олимписки игри во Краков, се и повеќе од доволен повод младата спортистка да ги добие сите почести на домашна сцена.