Кошаркарите на Партизан во раните утрински часови се вратиле во Белград од гостувањето во Мадрид по победата на вториот меч од четвртфиналето на плеј-офот во Евролигата. Синоќешниот меч заврши со голема тепачка во која настрада кошаркарот на Партизан Егзум.
Голем број фанови ги пречекале кошаркарите на Партизан на аеродромот во Белград. Двете победи во Мадрид против Реал го донесоа Партизан на чекор до фајнал-форот во Каунас.
Тројката на Кевин Пантер во првиот и убедливиот триумф во вториот меч, кој заврши со тепачка, дополнително ја подгреа и онака големата еуфорија кај навивачите. Аеродромот „Никола Тесла“ утрово бил преполн со поддржувачи на Партизан кои пееја навивачки песни и ги скандираа имињата на своите миленици.
HVALA GROBARI!✊🏽🖤🤍@EuroLeague playoffs 2022/2023 | @RMBaloncesto 🆚 #KKPartizan 0 – 2#EuroLeague pic.twitter.com/sO9TAdBFtr
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) April 28, 2023