Судењето во средата без грешка

224

Таков е заклучокот од најновото заседание на судиската комисија при ФФМ која што по секое коло анализира и носи заклучок дали и колку арбитрите во ПМФЛ шампионатот погрешиле или не. Судиската анализа ви ја пренесуваме во целост.

 

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 29 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Шкендија- ФК Силекс одигран на 26.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од  82 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

82 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден пенал)

Играч од екипата на домаќините центрираше топка од удар од агол во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до негов соиграч кој со глава го смени правецот на движење на топката и таа го удри во рака играчот на екипата на гостите која му беше во природна положба, спуштена долу и до телото.

Исправна  одлука  на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки во моментот кога топката го удри играчот од екипата на гостите во рака, таа му беше во природна положба, спуштена до телото и немаше зголемен волумен.

На натпреварот  ФК Академија Пандев-ФК Победа одигран на 26.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 47 и 74 минута.

Главен судија: Стојан Стојанов . Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

47 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри и доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостите и сам пред голманот на гостите во очигледна шанса за гол, играчот на домаќините го помина голманот и во моментот кога требаше да постигне гол беше спречен на недозволен начин од голманот со старт на тело и нога, без да му е намерата да игра со топката.

Добра одлука на главниот судија во соработка и добиена информација од вториот помошен судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домакините и доделен ЦРВЕН картон за голманот на екипата на гостите за спречување очигледна шанса за гол.

74 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Не досуден пенал)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините и малку старанично од голот, до него се наоѓаше играч од екипата на домакините кој минимално направи контакт на ногата на противникот, играчот на гостите направи уште два чекора и падна , сакајки тој минимален контакт да го искористи да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на играчот на домаќините над играчот од екипата на гостите беше минимален, без интензитет и недоволен за удар од 11 метри.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

 

Судиска анализа за 25 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 26 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Арсими  – ФК Гостивар одигран на 26.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 37 и 45 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Богданчо Ѓорѓиев и Петар Михаилов.

37 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Голманот на гостите упати долга топка кон свој соиграч кој ја прими топката на 30 метри од голот на домаќините и кога сакаше да тргне кон голот на домакините  беше спречен со недозволен старт на нога од предпоследниот играч од одбраната на домакините, спречувајки очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домакините за спречување очигледна шанса за гол (недозволен старт на нога).

45 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција))

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, топката дојде до негов соиграч кој упати удар со глава и постигна гол, меѓутоа во моментот на центаршутот играчот што го постигна голот се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на домаќините.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен и досуден е индиректен слободен удар за екипата на домакините (офсајд позиција), бидејки играчот на гостите во моментот на центаршутот од неговиот соиграч,се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на домакините.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен и признаен, бидејки топката со целиот свој обем ја помина гол линијата пред да биде одбиена во поле од играчот од одбраната на гостите.

На натпреварот  ФК Охрид  – ФК Беса одигран на 26.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 86 минута.

Главен судија: Дени Лековски. Помошни судии: Николче Дрнковски и Климент Ристоски.

86 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал)

Играч од екипата на гостите беше во свој посед во шеснаесетникот на домаќините, над него со недозволен старт на ногата и интензитет стартуваше играч од екипата на домакините и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите поради недозволен старт на ногата над играчот на гостите од играч на домаќините.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

ПретходноПрашалникот на Димевски како одговор на пресот на Борко Ристовски
СледноЉуљ се извини Пантер реагираше како господин