Вечерва од таборот на Струга ТЛ доаѓа супер – вест за сите фанови на тимот кој има супер шанса да биде шампион на Македонија и да игра во квалификациите за ЛШ. Сега, откако и математички стружани ја осигураа Европа, без разлика дали ќе бидат шампиони или не, се знае дека претстојното лето за Струга ТЛ ќе биде европско.
Веста е дека Струга ТЛ своите мечеви или натпревар во Европа, ќе ги игра во Охрид и тоа на стадионот СРЦ “Билјанини Извори“ откако овој стадион е лиценциран за европски натпревари.
Секако дека за стружани подобро е да играат во блискиот Охрид отколку да патуваат во Скопје, кога ќе бидат домаќини на европските мечеви.