ФФМ донираше опрема за женските фудбалски клубови

1169

Денеска во просториите на „Куќата на фудбалот”, Фудбалската федерација на Македонија согласно проектот на УЕФА за развој на женскиот младински фудбал во рамките на „Хет трик V” програмата, донираше спортска опрема на 21 клуб кои се натпреваруваат во женските фудбалски лиги.

Фудбалската федерација на Македонија подели опрема која се состои од комплет дресови и тренерки за фудбалерките и комплет опрема за тренерите од Прва и Втора ЖФЛ и младинските и кадетските женски лиги од организираниот систем на натпреварувања на ФФМ.

ПретходноПрвиот човек на Ла Лига тврди: Барса тешко дека ќе најде пари за да го врати Меси
СледноБаерн (М) подготвува „шут-карта“ за 8 фудбалери