Љуљ се извини Пантер реагираше како господин

2424

По синоќешниот хаос кој настана во самиот финиш на дуелот од Евролигата помеѓу екипите на Реал Мадрид и Партизан, а во кој има повредени, а богами ќе има и суспендирани, главните актери на инцидентот денеска се огласија преку социјалните мрежи.

Најпрво иницијаторот на целиот инсидент Серхио Љуљ се огласи со огромно извинување за започнување на целиот инцидент со грубиот фаул, а потоа возврати и Кевин Пантер играчот на Партизан кој директно е погоден од крекршокот на Љуљ.

„Она што синоќа се случи не смее да се случи на кошаркарски терен. Ја презимам целата одговорност за грубиот прекршок кој го направив и кој беше клучен за хаосот кој што следуваше. Се извинувам за сите љубители на кошарката“ – рече искусниот шпански кошаркар.

Следуваше реакцијата на Пантер која што е за секоја почит.

„Емоциите на највисоко ниво, и тоа во потполност го разбирам. Ајде едноставно да продолжиме со кошарката која што ја игравме до овој момент во серијата, како што впрочем игравме секогаш еден против друг“ – рече Пантер.

 

ПретходноСудењето во средата без грешка
СледноМила Рељиќ на прием во АМС