Екипата на Вардар успеа да обезбеди уште еден триумф во овогодинешниот ВМФЛ шампионат, откако денеска на стадионот Кукуш во Турново успеа да слави со минимални 0:1 во дуелот со Беласица.
Поради подготовката на теренот на стадионот во Струмица, Беласица е домаќин во Турново, а таму денеска единствениот гол го постигна Кристијан Николовски од пенал.
Варадр доминираше на овој дуел, особено во вториот дел, кога имаше целосна иницијатива. Промаши и „зицер“ ситуација преку Дарио Десниќ кој излезе сам пред гоманот Николоски но овој бравурозно брани.
Сепак, на десетина минути до крајот на дуелот, центаршутот од десно заврши во раката на Сулев, а судијата оправдано досуди удар од белата точка.
Николовски сигурен реализатор, со што го остави Вардар во игра за највисок пласман.