Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ не успеа да дојде до победа на гостувањето кај Зенит беше совладан со 82-80 за 3-3 во полуфиналето на плеј-офот. Македонскиот репрезентативец во драматичниот финиш, се обиде со тројка од неизградена сиутација да донесе триумф, но не успеа. Патникот во финалето ќе го реши мајсторка.
Домашниот тим добро влезе на мечот, поведе со 10-2, истата предност ја имаше несто и подоцна 19-11. По првата четвртина беше 26-22. Уникс во продолжение на крајот успеа да се врати, со серија од 7-0 за првпат поведе на мечот со 28-29, но одново влезе во криза, противникот дојде на плус седум (38-31). Зенит не застана дојде на двоцифрени 45-35 и 47-37.
Уникс ниту во третата четвртина, барем во голем дел не успеа да најде против игра за противникот, кој водеше со 62-50. Во продолжение притискаше беше на негатива од еден до четири поени.
Уникс се разбуди целосно во последните пет минути со серијата од 9-0, една тројка на Димитријевиќ и две на Рејнолдс, поведе со 73-76. Зенит изедначи на 76-76 за голема драма на 2:30 до крајот. Во луда завршница, Уникс не искористи напад, Нено се обиде од тешка ситуација да погоди тројка, но не успеа.
Македонскиот репрезентативец и овој пат беше најдобар кај својот тим, постигна 23 поени, 5 скока, 4 аистснеции и две украдени топки.