Рафаел Надал нема играно на ниту еден АТП турнир повеќе од три месеци, но прашањето за настап на неговиот омилен Грен Слем турнир – Ролан Гарос, не е доведено во прашање. Барем така тврди неговиот чичко, Тони Надал.
„Тој сè уште би сакал да се натпреварува во Мадрид, но тоа не е можно. Неговата пауза нема да трае долго. Рафаел ќе игра во Париз. Сепак, тој на овој турнир нема да дојде целосно подготвен. Тој нема играно од 10 јануари, што е многу долго време. Ниту пред Австралија не одигра многу натпревари. Сепак, Рафаел многу брзо се враќа во ритам на тренинзи и натпревари. Ако има доволно среќа во раните рунди, се може да се случи“, изјави Тони Надал за шпанските медиуми.