Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е победник на првата спринт трка во годинашната сезона. Мексиканецот попладнево беше најбрз на уличната трка во Баку, во рамките на ГН на Азербејџан, а самата трка е утре.
Втор заврши Шарл Леклер на Ферари, кој утре ќе стартува пол-позицијата на главната трка, додека трет беше светскиот првам Макс Верстапен.
Четврти и петти завршија Расел и Саинц, а бодови освоија и Алонсо, Хамилтон и Строл.