Екипата на Тулуз е победник во Купот на Франција откако вечерва на „Стад д’Франс“ го совлада Нант со 5:1. Toa e втор трофеј во Купот за Тулуз во историјата, сметајќи го и оној од 1957 година.
Инаку мечот тргна со два гола за Тулуз и тоа по само 10 минути. Логан Коста погоди во 4. и во 10.минута и му обезбеди на својот тим убава предност. Во 23. и 31. минута Тијс Далинга постигна уште два гола и веќе можеше да се види каде ќе заврши трофејот.
Нант имаше ужасно прво полувреме, ништо не функционираше во нивните редови од голманот, преку одбраната и средниот ред лесно ја губеа топката и им дозволуваа на противниците да шутираат на голот. Па така по шест шута во рамките на голот во првото полувреме, четири пати погодија.
Во 75 минута намали Биас од пенал, а четири минути подоцна Абуклал ги постави конечните 1:5.
Инаку Нант беше минатогодишен освојувач на овој трофеј.
La pluie s’invite au Capitole mais, même elle, est debout pour célébrer le 4ème but toulousain 😊#CoupeDeFrance #FCNTFC pic.twitter.com/V2rRAcfk42
— Toulouse FC (@ToulouseFC) April 29, 2023