Барса има план како да дојде до пари: Кеси, Торес и Ансу Фати одат на продажба!

178

Барселона ќе мора да продаде неколку играчи за да се вклопи во финансискиот фер-плеј.

Матеу Алемани и Феран Оливер, претставници на Барселона, ручаа со претставниците на Ла Лига во Мадрид. На состанокот се разговарало за тоа како клубот ќе се вклопи во барањата за финансиски фер-плеј. Одделно, се забележува дека не станало збор за регистрирање на Лионел Меси, иако тоа е топ-тема во медиумите деновиве.

Барселона на лето ќе мора да продаде неколку играчи за клубот да го намали платниот список за 180 милиони евра. Во канцеларијата на клубот веќе има понуди за некои играчи. Каталонците планираат на лето да ги продадат Френк Кеси, Феран Торес и Ансу Фати. Клубот е отворен и за понуди за Ерик Гарсија, Рафиња и Жорди Алба.

ПретходноФинални понуди за Јунајтед: Шеикот Ал Тани понуди над 5 милијарди фунти!
СледноПознати групите за Мундобаскетот во Индонезија, Филипини и Јапонија