Два меча од 34.коло во Премиерлигата се одиграа попладнево. Брајтон уште една покажа дека има силен, квалитетен тим и затоа е на осмото место на табелата, само се бод помалку од Ливерпул. Денеска на свој терен просто ги декласираше Вулфси, односно Вулверхемптон, со неверојатни 6:0. Серијата голови ја отвори Ундав во 6.минута, потоа стрелаа Грос двапати, па Велбек, па повторно Велбек, за да Ундав, тој кој што и ја започна серија, да ја затвори со својот втор гол за конечни 6:0.
На вториот меч Нотингем Форест како гостин кај Брентфорд водеше со 0:1 се до 82.минута, тој водечки гол за „шумарите“ беше дело на Данило во 45.минута.
Сепак Брентфорд прво во 82.минута израмни на 1:1 со голот на Тонеу, за да во 90+4.минута Дасилва донесе победа и големи три бода за конечни 2:1.