ВМФЛ: Кировски во маратонското продолжение му донесе победа на Тетекс, имаше и инциденти, Гостивар и Воска си “газат“…

3119

Тетекс – Пелистер 2:1, тоа е сензацијата на ова 27.коло во ВМФЛ. А на тој меч имаше и се по малку. Имено домашните водеа се до 89.минута со 1:0, за да потоа Пелистер израмни по што следуваа инциденти. Неколку лица влетаа на теренот, па полицајците мораа да интервенираа. Следуваше „шоу“, судијата Марјан Младеновски имаше многу работа, а мечот беше продолжуван и продолжуван, за да во 90.+15 минута Кировски постигна гол за победа на „штофарите“. Екстра значајна во битката за опстанок. Со овој пораз Пелистер и дефинитивно се простува од битката за баражот за пласман во ПМФЛ.

Гостивар и Воска немаа никакви продблеми, забележаа сигурни и убедливи победи, па и натаму имаат предност пред Вардар кој остана на третата позиција.

РЕЗУЛТАТИ – 27.КОЛО

ТЕТЕКС – ПЕЛИСТЕР 2:1

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР 0:1

СЛОГА (В) – КОЖУВ 2:1

ВОСКА – АРСИМИ 3:1

ГОСТИВАР – ОХРИД 3:0

БЕСА – ДЕТОНИТ 3:0

САСА – БОРЕЦ 4:1

ПЕХЧЕВО – КАРАОРМАН 3:0

ПретходноПМФЛ: Шкендија го “скрши“ Ѓорче и повторно дојде на -2 до лидерот Струга ТЛ!
СледноЕлче му ја наполна мрежата на Димитриевски! (ВИДЕО)