Еуро Никел со цел плен од „Кале“, Гостивар поведе против Работнички!

171

ТФТ и Еуро Никел одиграа одличен натпревар, дуелот беше изедначен во првите три четвртини. Благодарение на добрата игра во последниот период кавадарчани славеа со 63-70 и поведоа со 1-0 во четвртфиналето на плеј-офот.

Избраниците на Горан Самарџиев во последната четвртина успеаја да го урнат отпорот на домашниот тим, прво поведоа со 54-61, а нешто подоцна беше и 56-68. Оваа позитива беше доволна за мирен финиш и голем триумф во битката за влез во полуфиналето.

Планиниќ со 19 поени и 12 скока беше прво име зад него беше Гавриловиќ со 16 поени, додека 14 поени постигна Балмазовиќ. Кај поразениот состав Андерсон и Симоновски имаа по 13 поени.

Гостивар поведе во плеј-оф серијата против Работнички. Избраниците на Малинков ја добија првата пресметка со скопскиот состав, на домашен терен славеа со 76-69 и останаа перфектни во „Младост“.

Гостите ја добија првата четвртина со 24-25, но домашниот тим во вториот и третиот период одигра на едно повисоко ниво, овие два поериоди ги доби со 37-26, штп пак беше доволно за да дојде до првиот триумф. Работнички се разбуди во последниот период, одигра нешто подобро, но немаше време за нешто повеќе.

Корсантиа со 26 поени и 14 скока беше лидер, по 17 поени имаа Ефремовски и Вучковиќ кај Гостивар. Џелетовиќ со 23 поени и пет скока беше единствен кошаркар распложен за игра.

ПретходноСара Ристовска со ЦСКА Москва го освои Купот на Русија!
СледноПеколно судиско продолжение, два гола и реми меѓу Рома и Милан