Полека, но сигурно се загрева атмосферата во пресрет на миланското дерби во 1/2 финалето во Лигата на Шампионите. Имено на 10 мај се игра првиот меч меѓу Милан и Интер, а шест дена подоцна, “неро – аѕурите“ ќе бидат домаќини на ова градско дерби во ЛШ.
Како што пренесуваат медумите во Италија, раководството на Интер им ветило на своите играчи вкупно 2 милиони евра да го елиминираат Милан и да изборат пласман во големото финале кое се игра во Истанбул на 10 јуни.
Се разбира ако го освојат пехарт, премијата ќе биде далеку поголема.
Вака, за да си поделат 2 милиони евра треба да бидат подобри од Милан во двата полуфинални мечеви.