Во попладневниот термин се одиграа дури пет натпревари од 30.коло во Бундеслигата.
Со голот на Нкунку во 28.минута, Лајпциг со 1:0 успеа да го победи Хофенхајм и со тоа да ги задржи шансите за пласман во Лигата на Шампионите.
Франкфурт на свој терен ремизираше со Аугсбург, 1:1.
Келн дома претрпе пораз од Фрајбург со 0:1, стрелец на голот беше Доан во 54.минута.
Унион Берлин и Баер Леверкузен одиграа без победник и без голови, 0:0.
И во последниот меч, Штутгарт со 2:1 го победи составот на Менхенгладбах.