Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз и на квалификациите за првата спринт трка во историјата која ќе се вози на патеката за Големата награда на Азербејџан.
Леклер на тој начин ја освои втората пол-позиција во Баку, бидејќи ден претходно беше најбрз во квалификациите за главната трка. Леклерк стигна до првото место, иако во финишот удри во заштитниот ѕид.
Веднаш зад него заврши Серхио Перез во болидот на Ред Бул, додека бранителот на титулата Макс Верстапен беше трет.
Спринт-трката започнува во 15 часот и 30 минути.