Лејкерси со историска партија до полуфинале, првакот е на мака (ВИДЕО)

1523

ЛА Лејкерс се пласираше во полуфиналето на Западната конференција во НБА-лига, откако на својот терен го совладаа Мемфис со убедливи 125-85 за вкупни 4-2 во плеј-оф серијата. Во следната рунда тимот од ЛА ќе игра против подобриот од Сакраменто и Голден Стејт.

Лејкерси на тој начин станаа само шестиот тим во историјата кој како седми носител го елиминира вториот на стартот од плеј-офот, но тие не се автори на најголемата сензација сезонава, бидејќи Мајами како осми носител на Истокот го елиминираше првопласираниот Милвоки Бакс со 4:1. Но, победата од 40 поени е веројатно најголемата досега за седми носител против втор носител.

Д’Анџело Расел ги предводеше Лејкерси до победата на овој меч со 31 поен, Леброн Џејмс додаде 22, а Ентони Дејвис забележа 16 поени и 14 скока. Кај Гризлис Санти Алдама постигна 16 поени, а Бејн поен помалку.

На втората средба, Сакраменто се избори за мајсторка против актуелниот бранител на титулата. Голден Стејт не го искористи домашниот терен, беше поразен со 99-118 за 3-3 во плеј-оф серијата. Сега мајсторка ќе го решава вториот полуфиналист во Западот.

Лидер кај Голден Стејт беше Стеф Кари со 29 поени, на другата страна Монк реализираше 28 поени, додека Фокс 26.

ПретходноХоливудскиот глумец го повика Бејл, а тој одби: Не, благодарам, сакам да играм голф
СледноТухел: Ситуацијата во Баерн е тешка, но не и безнадежна