Максимов: Шкендија нема друг избор, мора да ги победи “лавовите“!

196

Шкендија и Македонија ЃП денеска го отвараат 30.коло во ПМФЛ. Натпреварот со почеток од 16 часот се игра под Шара, додека сите останати мечеви од ова коло се играат утре.

Шкендија по оној кикс со Силекс во средата, кога дома одигра само 0:0 и загуби два златни бода во битката за титулата, сега е на -5 бода во однос на лидерот Струга ТЛ.

Па така денеска нема избор, мора да ги победат “лавовите“ и да се чека кикс на стружани во Штип. Тетовци имаат и дополнителен мотив, зошто токму тимот од Ѓорче ги елиминира во полуфиналето во Купот на Македонија, па време е за мала одмазда што би се рекло.

Во пресрет денешниот меч, свој коментар има офанзивниот десен бек на тетовци, Методи Максимов:

Ние немаме друг избор освен победа над Македонија ЃП. До крајот остануваат уште четири кола, за нас секој меч ќе биде како финале. Не се предаваме, имаме надеж, но сега не зависи само од нас. Играме против силен тим, тоа е тим кој си има свои амбиции. Сепак играме дома, играме пред нашите фанови и секак дека посакуваме победа и освојување на три бода“ истакна Максимов.

ПретходноЧудна одлука на Арсенал за Гранит Џака!
СледноНајавено првото засилување на Вардар за следната сезона!