Миленкоски како вицешампион на Грција се враќа на клупата на Македонија

245

Повратникот на селекторското место во македонската репрезентација, Јошко Миленкоски, ја заврши сезоната на клупата на грчки ПАОК со вицешампионски трофеј. Солунскиот состав ја загуби финалната плеј-оф серија против екипата на Олимпијакос со 3:1 и не успеа да направи уште една сензација во грчката одбојка оваа сезона, откако претходно стана сензационален освојувач на грчкиот Куп.

За ПАОК оваа сезона беше исклучително успешна, затоа што успеа во дуелите со најголемите фаворити Олимпијакос и Панатиаикос да се избори за еден трофеј. Миленкоски, пак, ја продолжи одлучната грчка епизода во својата тренерска кариера, која почна минатата година на клупата на Финикас со кој исто така имаше извонредни резултати.

Пред нашиот најтрофеен тренер сега е обврската во националниот тим, каде се враќа по пауза од 15 години. Миленкоски ја презема репрезентацијата пред два исклучителни настани, како Европската Златна лига и Европското првенство чиј ко-домаќин е и Македонија.

ПретходноСтартува вистинското: МЗТ Скопје го брани тронот, седум тима го „меркаат“!
СледноМакедонија на олимписки претквалификации во Талин или Гливице