Марко Срдановиќ треба да биде првото засилување на Вардар 1961 за следната сезона, пишуваат српските медиуми. Станува збор за ракометар кој игра на позицијата на лево крило и има 25 години.
Срдановиќ треба да биде замена за Дејан Манасков кој по завршување на сезоната ќе направи трансфер надвор.
25-годишниот српски нтернационалец настапува за Металопластика и со раководството на актуелниот македонски првак потпишал еднагодишна соработка со можност за продолжување на истата за уште една година.