Кошаркарите на Навико Академија ФМП беа подобри од Куманово (78:68) и побегнаа уште еден чекор напред кон безбедната зона.
Добар дел од работите за овој и тоа како важен триумф домашните кошаркари завршија во првите десет минути. Оние во кои се стекнаа со сосема солдино водство од (21:12), кое до полувремето го покачија и на двоцифрено (42:31)
Тие десет и повеќе поени вишок беа „константа“ и во продолжението на играта во салата „Независна Македонија“. Макар што во третиот дел од играта Навико Академија ФМП се стекна и со уште повисоки (59:45).
Сепак, во последниот дел од играта кумановци успеаја да дојдат на едноцифрен минус. Имаа (60:69), на нешто повеќе од три минути до крајот. Као најава дека крајот може да добие и димензии на драматичен.
Куманово 2009 се доближи и на само шест поени негатива (68:74), кога останаа да се доиграат 1:22 минута. Но немаа доволни сили гостите да направат целосно „враќање“ во овој меч по кој Навико Академија ФМП е уште подалеку во однос на нив.