Попладнево во Тетово се одигра првиот меч од 30.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Шкендија со 3:1 ја победи Македонија ЃП, во една убава и интересна фудбалска битка. Голови, шанси, зицери, добра Шкендија и добра Македонија ЃП која имаше барем два зицери за подобар резултат, па дури и за избегнување на поразот.
Со оваа победа Шкендија повторно дојде на -2 бода до лидерот Струга ТЛ, сепак стружани утре ги чека меч со Брегалница.
Ова беше и слатка одмазда на Шкендија ако се знае дека токму тимот од Ѓорче ја елиминира во полуфиналето во Купот на Македонија,
Шкендија тргна агресивно, напаѓачки со интенција што побрзо да дојде во водство. Во 6.минута Милев се закани, а на другата страна Стојков упати удар над домашниот гол.
Тетовци во водство дојдоа во 8.минута со голот на Милев, кој ја искористи асистенцијата на Дориев и со убав шут со глава успеа да го совлада младиот Тасев. Во 35.минута Чинари со прекрасен шут од далечина зголемува на 2:0.
“Лавовите“ вратија преку Фазли, кој стрелаше прецизно откако претходно убаво продре низ домашната одбрана.
До крајот Стојкоски имаше супер шанса за 2:2, а претходно Ќака можеше погоди за Шкендија.
Сепак на крајот со тие 2:1 се замина на пауза.
Во вториот дел Шкендија како свесно малку да се повлече, тоа гостите го искористија и се обидоа да се наметнат на теренот. Во таа 54.минута Стојкоски имаше и повеќе од зицер, излезе очи со Талески, но голманот на Шкендија фантастично одбрана.
И кога не дава гол од ваква шанса, тогаш казната стигнува на другата страна, и тоа со убавиот гол на Флорент Рамадани за 3:1 за Шкендија.
“Лавовите“ треба и мора да жалат. Место 2:2, резултатот беше 3:1 за Шкендија.