Заврши првото полувреме од првиот меч од 30.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Македонија ЃП. Резултатот е 2:1 за Шкендија, тетовци во поголемиот дел доминираа, но и “лавовите“ си имаа свои шанси за на пауза да се замине со резултатски егал.
Шкендија поведе со голот на Милев во 8.минута, а потоа Чинари во 35.минута со прекрасен гол од околу дваесетина метри успеа да зголеми на 2:0. Претходно Ќака имаше супер шанса.
И тогаш гостите стапија на сцена. Во 38.минута Фазли намали на 2:1, а две минути подоцна Стојкоски можеше и мораше да израмни.
Во 45+1. Дориев имаше зицер, но Тасев одлично одбрани.
Да кажеме дека пред натпреварот мала свеченост во домашниот табор. За своите 300 настапи за Шкендија подарок врамен дрес доби Егзон Бејтулаи, а исто така за своите 200 настапи, подарок врамен дрес доби и Мевљан Мурати.