Стартува вистинското: МЗТ Скопје го брани тронот, седум тима го „меркаат“!

155

Денеска стартува плеј-офот осум екипи се во трката за посакуваниот пехар. МЗТ Скопје е бранител на тронот, прва пречка во четвртфиналната серија подобар во три меча е тимот на Кожув.

Предводникот на „сино-белите“, Драган Николиќ има на располагање добар „арсенал“ за обединување на двата пехари. Но, ова ќе мора да се покаже на терен. Гевгеличани предводени од Александар Јончевски се преродија, сигурно нема лесно да се откажат од помислата за сензација уште на стартот на плеј-офот. Оваа средба на програмата е во недела.

За денеска се предвидени две средби, во Скопје, ТФТ е домаќин на Еуро Никел, додека пак Гостивар на домашен терен каде оваа сезона е непобедлив ќе игра против Гостивар. И двете средби се закажани во 18 часот.

Утре покрај МЗТ Скопје – Кожув, силите ќе ги одмерат, Пелистер и Феникс.

ПРВА ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ- ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ПРВИ НАТПРЕВАРИ

29.АПРИЛ (САБОТА)

18.00: ТФТ Моzzart – Еуро Никел 2005

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

18.00: Гостивар – Работнички

Сала „Младост“ – Гостивар

30. АПРИЛ (НЕДЕЛА)

18.30: Пелистер – Феникс 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ПретходноВМФЛ: Беласица и Вардар ќе бијат битка во Турново, Гостивар и Воска пред освојување на нови бодови
СледноМиленкоски како вицешампион на Грција се враќа на клупата на Македонија