Судијата призна дека ја оштетил Борусија: Се чувствувам како г*мно

944

Фудбалерите на Бохум и Борусија Дортмунд одиграа 1:1 во 30.коло на Бундес лигата, па со тоа Баерн Минхен повторно се најде во пол позиција во борбата за шампионската титула. А поради тоа е виновен и судијата Саша Штегеман кој призна за грешки кои ги направил на мечот со изјава дека се чувствува како г*мно поради тоа.

Штегеман одбил да свирне чист пенал кој го изборил напаѓачот на Дортмунд, Карим Адејеми во 65.минуита. Со неговата одлука се сложил и ВАР судијата Роберт Хартман.

Изнервиран сум, се чувствувам како г*мно. Синоќа не спиев поради лошото чувство затоа што сум лут што не донесов вистинска одлука. Гледајќи ја сега ситуацијата со Адејеми, тоа е пенал за Борусија. Тоа не го видов на теренот. Како судија, имам право да ја решам ситуацијата на теренот без непотребно користење на видео асистенција“, изјави Штегеман.

А неговата одлука ќе има последици. Недосудениот пенал значи дека Дортмунд изгуби бодови и сега трката за титулата повторно е во рацете на Баерн затоа што со победа над Херта во недела ќе се искачи на чело на табелата и ќе има бод предност.

 

ПретходноГолманот го нокаутира Енер Валенсија, Еквадорецот со Брза помош однесен во болница
СледноИграчите на Интер ќе поделат 2 милиони евра ако го елиминираат Милан во 1/2 финалето во ЛШ!