Тухел: Ситуацијата во Баерн е тешка, но не и безнадежна

182

Ситуацијата за Баерн Минхен е тешка, но не и безнадежна, изјави селекторот на германскиот шампион Томас Тухел. Баерн загуби со 3:1 од Мајнц минатата недела па имаат бод помалку од лидерот Борусија Дортмунд (кој вечерва го игра својот меч од 30 коло) на пет кола до крајот на првенството.
Сега работите ни се потешки, но не се безнадежни. Имам чувство дека ќе се префрлиме во поголема брзина“, изјави менаџерот на Баерн на прес-конференција.

„Баварците“ во недела ќе играат против Херта Берлин, која останува во опасност од испаѓање.

Тие се малку непредвидливи по смената на тренерот (Пол Дардаи е нов тренер на Херта). Важно е да бидеме реални и да не очекуваме премногу и прерано од себе. На крајот на краиштата, во последните два натпревари загубивме пет бода“, додаде Тухел, кој го презеде Баерн на крајот на март.

После тоа, тимот од Минхен беше елиминиран од Лигата на шампионите и од Купот на Германија. Тренерот на Баварците ја коментираше и борбата за титулата.
Не знам ни дали ќе го гледам натпреварот на Борусија Дортмунд. Ситуацијата е јасна за нас. Работите веќе не се во наши раце и мораме да ги освоиме следните 15 бода. Не е доцна да реагираме“, изјави тој. кажа.

ПретходноЛејкерси со историска партија до полуфинале, првакот е на мака (ВИДЕО)
СледноЧудна одлука на Арсенал за Гранит Џака!