Хет-трик на Бензема во победата на Реал

131

Реал Мадрид на свој терен забележа убедлива победа против Алмерија од 4:2, а мечот помина во знакот на Карим Бензема. Францускиот напаѓач постигна три гола и со тоа стана четврти најдобар стрелец во историјата на Ла Лига.

Тој има 235 гола во Ла Лига и го претекна Уго Санчез, а пред него се само тројца фудбалери: Зара, Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Сите три гола Бензема ги постигна од 5. до 42.минута, од кој еден од пенал, а во 45 минута намали Лазаро. Само што почна второто полувреме Родриго постигна гол за 4:1. Во 61 минута Робертон ги постигна конечните 4:2.

Реал има 68 бода на второто место, осум помалку од лидерот Барселона. Алмерија е на 15. Место со 33 бода, а од опасната зона е оддалечена само два бода.

 

ПретходноПоследното скалило за нова европска бајка (ФОТО)
СледноГолманот го нокаутира Енер Валенсија, Еквадорецот со Брза помош однесен во болница