Велшкиот Врексам неодамна избори пласман во Четвртата лига на Англија, а неговиот сопственик, холивудскиот глумец Рајан Рејнолдс посака во тимот да ја донесе големата ѕвезда на светскиот фудбал. Рејнолдс го повикал Герет Бејл да му се приклучи на тимот за новата сезона, меѓутоа поранешниот играч на Реал и Тотенхем одбил.
„Дали ќе му се вратам на фудбалот и да играм за Врексам? Не, не, тешко дека тоа ќе се случи. Среќен сум каде што сум. Уживам во фамилијарниот живот и играњето на голф“, изјави Бејл.
Велшкиот репрезентативец ја заврши кариерата по настапот за „змејовите“ на СП во Катар.
Дома Меѓународен фудбал Англија Холивудскиот глумец го повика Бејл, а тој одби: Не, благодарам, сакам да...