Барселона го растури Бетис, 15-годишниот Ламин Јамал испиша историја

4061

Барселона бргу го преброди поразот од Рајо Ваљекано, па вечерва на свој терен се „истури“ врз Бетис во 32.коло на Ла Лига. „Каталонците“ славеа победа од 4:0 и со тоа ја зголемија предноста над второпласираниот Реал на 11 бода (денеска Реал славеше со 4:2 над Алмерија).

По првото полувреме работите беа појасни на овој меч. Кристенсен го отвори резултатот, Бетис од 33 минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Гонзалез, а до крајот на првиот дел Левандовски и Рафиња зголемија на 3:0.

Во 82 минута со автоголот на Родригез, Барселона ја заокружи убедливата победа од 4:0.

На овој меч дебитираше и 15-годишниот Ламин Јамал кој стана најмладиот играч со деби за сениорскиот тим на Барселона на официјален меч (поточно 15 години и 290 дена).

ПретходноТулуз е освојувач на Купот на Франција!
СледноМурињо: Нашиот женски тим има добрa фудбалерка, можеби таа може да игра за нас!