Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин или Гливице, на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА. Во Талин, Гливице и Истанбул, вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници), согласно предвидениот план. Групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија, односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.
Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четврттата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).
Турнирите ќе се играат во периодот од 12. до 20. август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2024 година.